Судењето за „Монструм“ почнува од почеток
12.02.2018 10:21
Откако Врховниот суд утврди серија пропусти при водењето на постапките, укинати им се доживотните казни затвор на Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири.

Судењето за случајот „Монструм“, почнува повторно од почеток. Откако Врховниот суд утврди серија пропусти при водењето на постапките, укинати им се доживотните казни затвор на Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири.
Тие според првичната пресуда ги усмртиле четворицата младинци и рибарот во средовечни години, во близина на Смилковското Езеро на 12-ти април 2012-та година.
На Косово сѐ уште се наоѓаат Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Тие се недостапни за македонските институции.
