Половина столетие Музеј за современа уметност на Македонија

22.02.2014 12:22

На отворањето во реновираниот и саниран галериски простор, на јавноста ќе и бидат презентирани врвни уметнички дела од познати македонски и светски автори...

Музејот за современа уметност  на Македонија одбележува 50 години од основањето. По тој повод во реновираниот галериски простор, на јавноста вечерва ќе и бидат презентирани врвни уметнички дела од познати македонски и светски автори.

„Солидарноста- недовршен проект“  е наслов на музејската постановка во оваа реномирана културна установа која ќе биде отворена од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.