Судењето за случајот „Монструм“ ќе продолжи на 14-ти март
Прекинато повторното судење за случајот „Монструм“. Ќе продолжи на 14-ти март. Нов судски совет го почна рочиштето, но обвинителството остана на првичното обвинение за тероризам. Одбраната очекува во процесот да се вклучи СЈО. Двајцата првообвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и натаму се недостапни за судот.

Нов судски совет го почна повторното судење за случајот „Монструм“, но обвинетието остана првичното, со кое обвинетите се товарат за тероризам. Откако го прочита јавниот обвинител, Наум Пановски од Обвинителството за организиран криминал, реагираше одбраната на обвинетите дека со обвинението не е опфатено делото на Сами Љута. Судијата Огнен Ставрев кој раководеше со кривичниот совет по констатирањето на пропустот донесе одлука главниот претрес да се одржи на 14-ти март. Бранителот на дел од обвинетите, Рауфи посочи дека обвинителот веројатно е привремено во случајот. Зашто не бил добро подготвен за предметот.
Роднините на обвинетите не очекувале обвинението да биде исто после дадените насоки од Врховниот суд кој ги укина пресудите на Кривичен и Апелација. Тие се надеваат дека СЈО ќе се вклучи во случајот и дека ќе биде отфрлено обвинението.
За петкратно убиство на Смилковското Езеро во 2012-та, Али Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута беа осудени на доживотен затвор. Врховниот суд ги уважи жалбите на одбраната и пресудите беа укинати и вратени на повторно судење.
Јавната обвинителка Лилјана Спасовска побара да бидат укинати поради неутврдена фактичка состојба и поради евентуалното постоење на прислушувани разговори кои може да ја променат за време на постапката.
Фиљана Кока
