Димитров и Коѕијас на средба со Нимиц во Виена

13.02.2018 08:51

Вчера двете Министерства за надворешни работи соопштија дека Димитров и Коѕијас ќе се состанат во Виена, а дека денеска ќе имаат заеднички состанок со Нимиц на кој е предвидено да се интензивираат преговорите и ќе го разгледаат предлогот на медијаторот.

Министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Виена ќе ги продолжат преговорите за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција, под посредништво на медијаторот Метју Нимиц.

Вчера двете Министерства за надворешни работи соопштија дека Димитров и Коѕијас ќе се состанат во Виена, а дека денеска ќе имаат заеднички состанок со Нимиц на кој е предвидено да се интензивираат преговорите и ќе го разгледаат предлогот на медијаторот.

Новата рунда преговори уште минатата недела ја најави премиерот Зоран Заев.

На последната рунда разговори за името што се одржа на 17-ти јануари во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со сет сугестии и предлози и оцени дека на повидок е решение на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија.

Медијаторот кон крајот на минатиот месец ги посети Атина, а потоа и Скопје, каде имаше одвоени средби со грчкиот и македонскиот државно-политички врв.