Ердоган со поддршка на процесот за решавање на спорот со Грција
13.02.2018 10:52
Владината прес- служба соопшти дека на средбата било констатирано дека двете пријателски земји имаат потенцијал за унапредување на економската соработка...

Поддршка во процесот за решавање на спорот со Грција вчера даде и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган на средбата со премиерот Зоран Заев. Оценил дека тоа е добро за Балканот и за евроатлантските перспективи на Република Македонија.
Владината прес- служба соопшти дека на средбата било констатирано дека двете пријателски земји имаат потенцијал за унапредување на економската соработка преку зголемување на турските инвестиции, како и преку нови иницијативи од македонска страна.
