Циклонот „Гита“ ја опустоши Тонга
13.02.2018 13:15
Предизвикана е голема материјална штета, а прекинато е снабдувањето со електрична енергија.

Јужнопацифичкиот остров Тонга е опустошен од тропскиот циклон „Гита“ од четврта категорија проследен со ветер од 200 км/ч. Засега нема жртви, но десетици луѓе побарале медицинска помош.
Предизвикана е голема материјална штета, а прекинато е снабдувањето со електрична енергија.
Тонга е архипелаг од 169 острови со население од 107 илјади лица. Се протега на 3000 километри источно од Австралија. Циклонот се засилува и се движи кон Фиџи.
