„Борецот“ Ренци е новиот италијански премиер

22.02.2014 13:20

Ренци најави дека главна цел на неговата работа ќе биде внесување нова надеж во стагнираната економија во земјата...

Лево ориентираниот политичар Матео Ренци (39) денеска положи заклетва пред претседателот  Џорџо Наполитано како најмлад премиер во историјата на Италија. Ренци најави дека главна цел на неговата работа  ќе биде внесување нова надеж во стагнираната економија во земјата. Според неговата економска програма, за четири месеци треба да се обнови берзата на трудот преку реформи во образованието.
 
Интересно е што половината од Владата на Ренци се жени. Амбициозниот млад премиер со прекар „борец“  најави дека „економската преобразба ќе ја почне уште од утре“. Сепак, новата влада ќе треба да ја освои довербата на парламентот в понеделник. Се оценува дека една од “тешките артилерии“ на борецот Ренци ќе биде Пјер Карло Падоан, италијански економист во Организацијата за Економска Соработка и Развој(ОЕЦД) со седиште во Париз. 

Зоран Богатинов