Планинарската федерација формира комисија, ќе го испитува инцидентот во кој загината двајцата планинари

14.02.2018 10:34

Имало ли, и со каква тежина биле пропустите кои завршија со смртоносни последици за двајцата планинари на планината Ниџе, од грчка страна. Планинарската федерација формира комисија која ќе го испитува инцидентот.

Планинарската федерација ќе формира комисија, со која ќе го испитува инцидентот во кој загинаа двајца македонски планинари во околината на Воден, на планината Ниџе. Комисијата ќе биде составена од планинари, професионални водичи и од стручњаци.

Ќе бидат анализирани сите релевантни податоци од надлежните институции од Македонија и од Грција, како и податоците од организаторот на експедицијата.

За трагичниот настан родителите на загинатите планианри бараат утврдување на пропустите и кривично гонење.