Холандија: Владата го преживеа гласањето за недоверба
14.02.2018 11:13
Гласањето го покрена пратеникот на Слободарската партија Герт Вилдерс...

Холандскиот Парламент ѝ изгласа доверба на Владата на премиерот Марк Руте откако шефот на дипломатијата Халбе Зејлстра поднесе оставка на функцијата поради изречени невистини во врска со рускиот претседател Владимир Путин и план за формирање Голема Русија.
Гласањето го покрена пратеникот на Слободарската партија Герт Вилдерс, кој оцени дека е неприфатливо премиерот да не ги информира пратениците за овој скандал поврзан со министерот за надворешни работи.
