Какаото го намалува ризикот од инфаркт кај жените во постменопауза
14.02.2018 11:37
Резултатите покажуваат дека испитаничките имале значително намалување на зачестеност на валунгата, што значи и дека дошло до омекнување на артериите.

Секојдневното конзумирање на какао ја намалува крутоста на артериите кај жените во постменопауза и ризикот од срцев удар, покажуваат резултатите од најново истражување на Универзитетот во Токио.
Резултатите покажуваат дека испитаничките имале значително намалување на зачестеност на валунгата, што значи и дека дошло до омекнување на артериите.
Истражувањето исто така, покажува дека количеството какао е поважно од честото конзумирање.
Истражувањето што траело три месеци, опфатило 26 жени во постменопауза.
