Мицкоски оствари средба со Вучиќ
Мицкоски посочил дека двете земји споделуваат повеќе заеднички вредности, но и предизвици поврзани со членството во НАТО и во Европската унија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја продолжи регионалната турнеја со средба со Александар Вучиќ, претседател на Србија и прв човек на Српската напредна партија.
Мицкоски посочил дека двете земји споделуваат повеќе заеднички вредности, но и предизвици поврзани со членството во НАТО и во Европската унија. Констатирано е дека се потребни соработка и размена на искуствата, бидејќи водењето добрососедска политика, меѓусебното разбирање и почитување преставуваат трајна добивка за регионот.
Мицкоски го информирал Вучиќ и за состојбите во земјава, при што изразил загриженост за, како што навел, недостатокот на демократски капацитет на Владата.
