Клиниката за детски болести доби апарат за полесно ноѓање вени кај мали деца
Лекарите велат, со овој апарат ќе се избегне траумата за детето, но за родителите. Чини 260 илјади денари. Освен опрема, во оваа Клиника недостасува и медицински персонал, додава директората на клиниката, д-р Ставриќ.

Апарат за полесно наоѓање вени кај мали деца е подарен на универзитетската Клиника за детски болести. Ова е прв ваков апарат во оваа здравствена установа и ќе им биде од голема корист на сестрите во амбулантите каде од децата се земаат анализи за лабораториски испитувања.
Лекарите велат, со овој апарат ќе се избегне траумата за детето, но за родителите. Чини 260 илјади денари. Освен опрема, во оваа Клиника недостасува и медицински персонал, додава директората на клиниката, д-р Ставриќ.
„Сестринскиот кадар на Клиниката е намален, оптеретени се со дежурства, релативно се возрасни со хронични заболувања, а добар дел од нив често пати земаат боледувања. Се надевам дека со овие 40 сестри ќе се подобри тој дел од работата. Но, има потреба и од повеќе доктори по одделите“, изјави дирекорката на Клиниката за детски болести, д-р Катарина Ставриќ.
Д-р Ставриќ очекува до крајот на неделата да добијат дозвола за да можат да бидат ангажираат уште 20 медицински сестри.
