Тимошенко на слободоа!

22.02.2014 14:50

Парламентот во Киев изгласал таа да може да биде пуштена од затвор без согласност од претседателот, пренесува Ројтерс...

Опозициската лидерка на Украина, Јулија Тимошенко е ослободена. Парламентот во Киев изгласал таа да може да биде пуштена од затвор без согласност од претседателот, пренесува Ројтерс.
 
Таа денеска е ослободена од затворот во Харков. Јулија Тимошенко му беше главен ривал на актуелниот претседател Виктор Јанукович и за нејзиното апсење во 2011 година и за пресудата по обвиненијата за злоупотреба на власта се тврдеше дека се политичка одмазда.
 
Во моментот нема јасна информација каде се наоѓа претседателот Виктор Јанукович, зашто тој вчера вечер полетал од Киев, но не слетал во Харков, каде што требаше да присуствува на самит.
 
Неговата советничка, Ана Герман изјави дека Јанукович нема намера да ја напушти земјата и оти тој е во посета на Харков, во источна Украина, каде ќе се сретне со своите приврзаници од регионот и ќе има телевизиско обраќање.