Пукотница пред седиштето на НСА во Мериленд
На снимките објавени на друштвените мрежи се гледа како црно комбе ја пробило бариерата пред зградата во Форт Мид во Мериленд. Претседателот Трамп бил известен за инцидентот и во тек е истрага за расветлување на случајот.

Вооружен напаѓач отворил оган пред седиштето на американската Агенција за национална безбедност при што најмалку три лица биле ранети. БИ-БИ-СИ јавува дека едно лице е уапсено и дека ситуацијата е под контрола.
На снимките објавени на друштвените мрежи се гледа како црно комбе ја пробило бариерата пред зградата во Форт Мид во Мериленд. Претседателот Трамп бил известен за инцидентот и во тек е истрага за расветлување на случајот.
Ова не е прв инцидент пред зградата на Агенцијата за безбедност. Во март 2015-та година две лица се обиделе со џип да ја пробијат капијата на комплексот при што полицијата убила еден од нив.
