Османи: 2018-та најзначајна за евроинтеграциите, почетокот на преговорите станува реалност
Османи ја истакнал одговорноста и улогата на членовите на Работниот комитет за фокусот на целата администрација кон предложените реформи, притоа потенцирајќи дека оваа 2018-та година претставува најзначајна година за европските интеграции на земјата, период во кој следат серија настани преку кои треба да ја изградиме нашата позиција за членство во ЕУ.

Почетокот на преговорите со ЕУ станува реалност за Република Македонија и покрај Секретаријатот како предводник на евентуалниот процес на преговори, потребно е и целата администрација соодветно да ги подготви капацитетите за трансформација на државата и општеството кон европските правила, стандарди и вредности, истакнал вицепремиерот Османи на 38-та седница на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) што се одржа денеска во Владата во рамки на генералниот колегиум. Најавен е засилен мониторинг преку механизмот за надгледување и координирање на реформите, но и почести седници на Комитетот.
Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, Османи ја истакнал одговорноста и улогата на членовите на Работниот комитет за фокусот на целата администрација кон предложените реформи, притоа потенцирајќи дека оваа 2018-та година претставува најзначајна година за европските интеграции на земјата, период во кој следат серија настани преку кои треба да ја изградиме нашата позиција за членство во ЕУ.
Добивме исклучително позитивни пораки од страна на ЕК, со кои се валоризира досегашниот напредок во имплементацијата на реформите и подготовката на земјата за напредок во европските интеграции, истакнал Османи, додавајќи дека Комисијата испрати јасни пораки дека Македонија треба да очекува чиста препорака за почеток на преговори со следниот извештај, но и согласно отстранувањето на политичките пречки, одлука од страна на Советот на ЕУ за почеток на преговори.
Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) претставува највисоко административно тело на Владата во кое членуваат државните секретари на министерствата, претседавачите на поткомитетите, раководителите на работните групи, Генералниот секретар на Владата, како и администрацијата на Секретаријатот за европски прашања.
