Двојни стандарди на ЕУ за Македонија
Македонија треба веднаш да ги одпочне преговорите со Европската Унија, а спорот со името кој го има со Грција, може да го реши на истиот принцип како Хрватска со Словенија, смета Хрвасткиот амбасадор при ЕУ Мато Шкрабало...

Македонија е единствен случај во Европа, каде за билатералниот спор со само една членка, индиректно се вклучуваат и останатите држави на Унијата. Ова е заклучокот доколку се земе примерот на Хрватска последната која се приклучи кон европското семејство. Во интервју за МРТ тоа го објаснува хрватскиот амбасадор при ЕУ.
„Сакам една работа да потенцирам. Хрватска и Словенија не го решија својот спор. Тие се договрија спрот да се решава во арбитража. И затоа Хрватска смета дека и во врска со спорот со името, може да се примени истиот пристап. Значи веднаш да се отворат преговорите, а во текот на прегорите, еден од елементите да биде решавање на спорот со името“, вели во интервјуто за МРТ, Мато Шкрабало, амбасадор на Хрватска при ЕУ.
Дипломатот истакнува и дека официјален Загреб континуирано ја подржува Македонија како за влез во ЕУ, така и во НАТО, дотолку повеќе што државата ги има исполнето сите критериуми.
„Мислам дека отворањето на преговорите ќе има големо влијание за стабилизација во регионот, за брзината на спроведувањето на реформите, ќе се создаде една здрава конкуренција на државите во регионот, во кој Македонија треба да учествува, а може да помогне и при решавањето на билатералниот спор за името“, дополни хрватскиот амбасадор во ЕУ.
Во однос на конкретните придобивки кои ги почуствуваа хрвстките граѓани од моментот кога државата е членка на ЕУ, амбасадарот Шкрабало во прв ред ја истакна отвореноста на границите и непостоењето на царинските контроли, како и пристапноста до европските фондови. Станува збор за 10 милијарди евра кои Хрватска ќе ги добие од ЕУ во наредните 7 години.
Марина Стојанова Тонева- постојан дописник на МРТ од Брисел
