Семејна драма во Кочани, маж ја убил сопругата па се самоубил

15.02.2018 15:07

Убиство и самоубиство во Кочани. Маж посегнал по животот на сопругата, пa се фрлил од кровот на семејната куќа...

54- годишен маж си ја убил сопругата, а потоа сам си пресудил- се фрлил од кровот на сопствената куќа. Семејна драма го потресе Кочани. Изутринава по претходна расправија, човекот со нож ја нападнал својата сопруга, а потоа неколкупати ја удрил со чекан и ја усмртил.

Сведоци на насилството биле децата. Синот се засолнил кај соседите. Ќерката се обидела да ја спречи трагедијата, но завршила со повреди. Во неконтактибилна состојба била префрлена во кочанската болница.

Надлежен обвинител од Кочани извршил увид заедно со екипа на крим- техника од МВР. Издадени се наредби за прибирање и вештачење на траги од местото, за анализа на крв од починатите. Ќе се врши и обдукција на телата.

 

Наташа Гркова- Петрушевска