Бугарскиот претседател во официјална посета на Македонија
Радев во земјава пристигнува на покана на шефот на македонската држава Ѓорге Иванов. Тој ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата државници ќе имаат тет-а-тет средба.

Бугарскиот претседател Румен Радев од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Радев во земјава пристигнува на покана на шефот на македонската држава Ѓорге Иванов.
Тој ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата државници ќе имаат тет-а-тет средба.
Радев и Иванов утре ќе имаат средба со претставници на стопанските комори на двете земји.
Бугарскиот претседател во Македонија пристигнува во придружба на двајца митрополити, пловдивскиот митрополит Николај и старозагорскиот митрополит Кипријан.
Радев во интервју за бугарската агенција БГНЕС, дадено во пресрет на посетата на Македонија, изрази очекување во иднина односите меѓу двете земји да се развиваат многу подинамично во сите области од взаемен интерес, по стапувањето во сила на Договорот за добрососедство.
