Одложено рочиштето за жалбата на Грујевски и Бошковски
Рочиштето е одложено за 2-ри март поради тоа што адвокатите немале време да го разгледаат предметот и затоа што не бил обезбеден преведувач на македонски јазик.

Врховниот суд во Атина го одложи рочиштето на кое требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на Судот во Солун за поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошкоски.
Рочиштето е одложено за 2-ри март поради тоа што адвокатите немале време да го разгледаат предметот и затоа што не бил обезбеден преведувач на македонски јазик.
И вчерашното сослушување на Грујевски и Бошкоски пред Комитетот за азил во Солун беше одложено, поради проблем со обезбедување преведувач на македонски јазик.
Тие пред Комитетот требаше да ги изнесат причините поради кои бараат азил во Грција.
