Јанукович: Не давам оставка, ова е државен удар!
22.02.2014 16:23
Претседателот на Украина истакна дека последните одлуки на Врховната рада се назаконски и оти тој нема ништо да потпише.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович за украинската телевизија изјави дека нема да поднесе оставка.
Тој наведе дека останува во Украина, додавајќи оти во моментот е во Харков.
Јанукович истакна дека последните одлуки на Врховната рада се назаконски и оти тој нема ништо да потпише.
„Тоа што се случува во Украина до голем степен е вандализам, бандитизам и државен удар“, посочи Јанукович.
