Собранието на 23-ти февруари отворено за граѓаните

16.02.2018 11:53

Собранието на Република Македонија е отворено за посета секој последен петок во месецот...

На 23-ти февруари, Собранието на Република Македонија ќе биде отворено за посета од страна на граѓаните. Како што посочуваат од собраниската прес-служба, ова претставува можност посетителите да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на нивните прашања.

Собранието на Република Македонија е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02/3182-227 или на е-маил [email protected], најдоцна пет работни дена пред посетата.