Бугарскиот претседател ја почна официјалната посета на Македонија
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска со средба со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов ја почна дводневна официјална посета на Република Македонија.

Бугарскиот претседател Румен Радев престојува во дводневна посета на Република Македонија. Посетата ја почна со средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, по која ќе следува и конференција за новинарите. Радев беше пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата државници заминаа на тет-а-тет средба.
Радев ја предводи стопанската делегација со која утре во македонската Стопанска комора ќе разговараат нашите стопанственици. На средбата ќе учествува и претседателот Иванов.
Во однос на прашањето на црквата, во бугарската делегација се и двајца бугарски митрополити, пловдивскиот митрополит Николај и старозагорскиот митрополит Кипријан, назначен за надминување на црковниот спор на МПЦ-ОА и нејзино афтокефално признавање.
