Резервните офицери- дел од Гамингер иницијативата

16.02.2018 14:48

Организацијата на резервните офицери на Република Македонија по предлог на резервисти од Словенија и Италија во септември стана членка на Средноевропската Гамингер иницијатива под уставното име. Високи претставници на Гамингер иницијативата од Италија, Словенија, Чешка и Полска беа примени во Генералштабот на АРМ.

Организацијата на резервните офицери на Македонија по предлог на резервисти од Словенија и Италија стана членка на средноевропската Гамингер иницијатива под уставното име. Во Гамингер иницијативата членуваат организации на резервисти од членките на НАТО: Германија, Италија, Хрватска, Унгарија, Чешка, Словенија, Словачка, Полска и Швајцарија.

Членките на средноевропската Гамингер иницијатива на резервисти придонесуваат за безбедноста и одбраната на Европа. Време е и Македонија да стане членка на НАТО, вели претставникот на резервните офицери на Словенија.

Високи претставници на Гамингер иницијативата од Италија, Словенија, Чешка и Полска беа примени во Генералштабот на АРМ и ја посетија Првата пешадиска моторизирана бригада на АРМ во Петровец.

 

Ирина Гелевска