МТСП: Девојчето од „25 Мај“ жртва на сексуална експолатација
Од Министерството велат дека нивните сомнежи се дека станува збор за сексуална експлоатација, по што целиот случај е пријавен и во МВР. Според надлежните, иако во целиот случај е запазена законската постапка, децидни дека социјалниот систем е разнишан.

Министерството за труд и социјална политика реагираше по наводите на Европскиот центар за правата на Ромите дека малолетна девојка била сексуално злоставувана, иако била штитеничка на државна институција.
Од Министерството велат дека нивните сомнежи се дека станува збор за сексуална експлоатација, по што целиот случај е пријавен и во МВР. Според надлежните, иако во целиот случај е запазена законската постапка, децидни дека социјалниот систем е разнишан.
Од надлежното министерство најавуваат дека во наредниот период ќе бидат подготвени законски измени со цел подобра грижа како за децата без родители, за жртвите на семејно насилство и трговијата со луѓе.
