Сочи 2014
Ново американско злато за Русија
22.02.2014 16:51
Американецот што настапува под руското знаме, беше побрз во финалето од Словенецот Жан Кошир, а бронзата ја освои Австриецот Бенјамин Карл...

Вик Вајлд триумфира и во втората престижна техничка сноуборд дисциплина и со златото во паралел слаломот, им го донесе на Русите второто најсјајно одличје во овој спорт во Сочи.
Американецот што настапува под руското знаме, беше побрз во финалето од Словенецот Жан Кошир, а бронзата ја освои Австриецот Бенјамин Карл. Претходно, Вајлд триумфира и во велеслалом.
Медалите во последната сноуборд дисциплина во Сочи беа доделени и кај дамите, Австријката Јулија Дујмовиц беше побрза во слаломот од Германката Анке Карстенс, а вториот медал за Германија го освои Амели Кобер.
На вкупната табела, Американците се на врвот со 3 златни одличја (3/0/2), пред Русија (2/1/1) и Швајцарија (2/1/0) со по две. Австрија, Франција и Чешка имаат по едно злато.
