Рочишта за „Тифани“, „Триста“ и „Насилство во Центар“ во Кривичен суд
Закажани се три рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство, „Триста“, „Насилство во општина Центар“ и „Тифани“...

Во Кривичниот суд- Скопје за денеска се закажани три рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство, „Триста“, „Насилство во општина Центар“ и „Тифани“.
На обвинителна клупа повторно ќе седне поранешниот помошник- министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, кој е обвинет за случајот „Триста“.
Според обвинителниот акт, Поповски е обвинет за незаконска набавка на 300 возила за потребите на МВР, односно за оштетување на државниот буџет за 453 илјади евра.
Судско рочиште е закажано и за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во општина Центар“, кој претходно беше раздвоен од постапката. Крстев нема адвокат, а на последното рочиште се изјасни за невин.
Во случајот „Насилство во Центар“ се обвинети 14 лица, меѓу нив и поранешниот премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.
Во предметот „Тифани“ за даночно затајување е обвинета новинарката Ивона Талевска.
