Дебата за демократските стандарди во следењето на комуникациите

19.02.2018 08:35

Целта на дебатата е детално разгледување на Предлог- законот за следење на комунициите и Предлог- законот за Оперативно- техничката агенција кои се во собраниска процедура.

Во организација на Факултетот за безбедност- Скопје денеска ќе се одржи научна дебата на тема „Демократските стандарди и практики во следењето на комуникациите и функционален безбедносен систем“.

Целта на дебатата е детално разгледување на Предлог- законот за следење на комунициите и Предлог- законот за Оперативно- техничката агенција кои се во собраниска процедура.

На дебатата ќе присуствуваат претставници на безбедносниот, разузнавачкиот, контраразузнавачкиот систем, судските, истражните органи, други претставници од државните институции, академската заедница и невладиниот сектор.