ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја загрози безбедноста на граѓаните
Жртвите се множат, а МВР не успева да ги заштити граѓаните, се вели во партиското соопштение.

СДСМ ја загрози безбедноста на граѓаните со амнестијата на над две илјади затвореници, меѓу кои има и осуденици за тешки кривични дела. Дел од нив за неполни 24 часа повторно се вратија на криминалот, а жртви беа невини граѓани, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Жртвите се множат, а МВР не успева да ги заштити граѓаните, се вели во партиското соопштение.
Богдан, Чавков, Мукоски, Жаклина, Дурловски, Дамовски и сите други кои се наоѓаат во притвор само бидејќи ја сакаат својата држава мора да бидат ослободени, а обвинителството мора да престане да извршува партиски директиви на Зоран Заев и СДСМ и да почне да работи во интерест на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
