Сојузот на фолклорни ансамбли незадоволен од одлуката на Министерството за култура
Од Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија бараат од Министерството за култура да се поништи одлуката со која се распределени средствата во целост, да се разрешат досегашните членови на комисиите и да се именуваат нови. Еден член да биде на предлог на Сојузот на фолклорни ансамбли. Од Министерството за култура со одговор- ветивме јавен и транспарентен процес и тоа го остваруваме. Од 5.000 проекти, 2.000 се одобрени, но физички не се дадени.

Нула денари за најголемиот ансамбл и репрезент на македонскиот фолклор за меѓународни претставувања, милион денари за слични друштва и фестивали- реагира Сојузот на фолклорни ансамбли.
Оттаму бараат да се поништат одлуките за распределба на средствата, да се разрешат досегашните членови на комисиите и да се именуваат нови, при што еден член да биде на предлог на Сојузот на фолклорни ансамбли.
„Ветивме јавен и транспарентен процес, тоа и го остваруваме“- одговорија од ресорот. Од 5.000 проекти, 2.000 се одобрени, но парите сѐ уште не се префрлени, велат од Министерството за култура.
Се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ.
Министерството за култура пред десетина дена ги објави резултатите од конкурсот, по што следуваа низа реакции од засегнатите страни.
Александра Спировска
