Собранието сѐ уште без договор за нова пленарна седница

19.02.2018 15:29

Двонеделна собраниска летаргија. Дел од пратениците на службен пат, а опозициските не доаѓаат на пленарките и не учествуваат во работата на комисиите. Вака тешко ќе се стигне до потребниот кворум за изгласување на законите.

Двонеделна собраниска летаргија. Дел од пратениците на службен пат, а опозициските не доаѓаат на пленарките и не учествуваат во работата на комисиите. Вака тешко ќе се стигне до потребниот кворум за изгласување на законите.

На редовната координација кај спикерот Талат Џафери, присутни само претставник на СДСМ и на ДУИ. Во вторник најверојатно ќе се одржи продолжение на седница на која треба да бидат изгласани закони по скратена постапка, извесно е само дека на 22-ри, в четврток, ќе се одржи редовната седница за пратенички прашања. Тогаш е закажана бидејќи кон крајот на месецот во Собранието треба да се одржат две конференции.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и натаму не се присутни на координациите, но одржуваат неформални средби со првиот парламентарец Џафери.

БЕСА иако поделена, неофицијално велат нема промена во нивната петчлена пратенчка група.

Тоа што во моментов е закочено се низа реформски закони кои се однесуваат на судството и безбедноста.

Без политички договор меѓу партиите кој за сега не е постигнат, на дневен ред не е ставен ниту Законот за јазиците за кој ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35.500 амандмани. Дали е постигнат некаков политички договор- никој од партиите не обелоденува.

 

 

Миле Ристески