Заштита на приватноста и построги критериуми за избор на директор на ОТА
Раководителите на безбедносните служби сметаат дека законската надградба на реформирање на службите е корисна, но потребно е да се развиваат организациската и безбедноста култура на вработените.

Прво беше потребно да се утврди моделот на функционирање на безбедносниот систем, а потоа да се создаваат процедурите за следење на комуникациите, велат дел од професорите на Факултетот за безбедност на дебатата за демократските практики и стандарди во работата на тајните служби.
Раководителите на безбедносните служби сметаат дека законската надградба на реформирање на службите е корисна, но потребно е да се развиваат организациската и безбедноста култура на вработените.
Тие рекоа дека клучниот фактор е заемната соработка на безбедносните структури во споделување на информациите, а не како досега, тоа да функционира на ниво на координација.
Пратениците од власта и од опозицијата со различни ставови за пристапот кон реформите.
Пакетот- закони за реформи во безбедносната сфера го помина првото читање на пленарна седница. Следува расправа во комисиите во втората фаза, каде што постои можност за предлагање амандмани.
Игор Панов
