Битолскиот Здравствен дом преименуван во „Д-р Хаим Абраванел“
Битола останува силен чувар на спомените на еврејската заедница. На 75 годишнината од холокаустот според еврејскиот календар, Здравствениот дом е преименуван по некогашниот еврејски сограѓанин д-р Хаим Абраванел...

Еден од пионерите на повоеното битолска здравство и основоположник на интерното одделение, накусо е сивито на некогашниот евејски сограѓанин. Доколку беше жив тој ќе беше горд на денешниот настан, вели неговата внука д-р Рахел Шели Леви Друмер. На нејзиниот, како што вели, мајчин јазик напоменува дека во Израел за Битола постојано се раскажува.
„Сакам да знаете дека во Израел има потомци од битолските еврејски семејства.Бројката се движи околу 1.000 и Битола ја чувствуваат блиска, и мислам дека за Битола тоа е голем потенцијал“, вели внуката д-р Рахел Шели Леви Друмер.
Ние знаеме да ја почитуваме вашата грижа за овој дел од историското минато. Ние ќе ви подадеме рака во развојот на оваа медицинска установа, но ќе останеме посветени и на економската соработка, рече амбасдорот на Израел во Македонија.
„Верувам на ветувањата и се надевам дека ќе имаме шанса да ги користиме знаењата на нашите израелски колеги“, рече заменикот- министер за здравство, Гоце Чакаровски.
„Во денешната делегација имаме експерти во делот на соларната енергија и земјоделието, се надевам на дополнителна економска соработка“, изјави амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Оријан.
Преименувањето на здравствената установа ќе се памети и по тоа што по еврејскиот календар се совпаѓа со 75- годишнината од депортацијата на битолските Евреи и 70 години од почетокот на градбта, токму на местото од некогашното еврејско маало.
Стевче Митревски
