Две и полгодишно дете почина на Клиниката за детски болести

19.02.2018 17:05

Било хоспитализирано на Одделот за пулмологија, а поради влошување на состојбата е лекувано и на Одделот за интензивна нега и терапија.

Две и полгодишно дете од Скопје викендов починало на Клиниката за детски болести. Било примено на седми јануари во тешка здравствена состојба, со покачена телесна температура и наод кој одговара на акутна бронхопневмонија.

Било хоспитализирано на Одделот за пулмологија, а поради влошување на состојбата е лекувано и на Одделот за интензивна нега и терапија.

Од Клиниката соопштија дека лабораториски е потврдена Инфлуенца Б. Пациентот имал Даунов синдром и неврололошко нарушување кое предизвикувало епилептични напади- информираше Клиниката.