Закажани две пленарни седници
Собранието на Република Македонија по двонеделно немање пленарни активности денеска ќе го одржи второто продолжение на 26-тата седница, а по неа и 34-тата седница.

Доколку има кворум, на распоредот на Законодавниот дом се предвидени две пленарни седници. На дневен ред е предлогот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за објавување на на јавен оглас за избор на претседател, потпретседател и шест членови на Државната изборна комисија, предлогот за разрешување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Треба да се изберат и потпретседатели на Собранието. Пратениците треба да расправаат и по предлог- законите за дополнување на Законот за судовите, за изменување и дополнување на законите за заштита на укажувачи, за народниот правобранител, сите во второ читање, за изменување и дополнување на Изборниот законик и на Законот за градење, двата по скратена постапка.
Пратенците ќе ги разгледуваат и дополнувањата на законите за вработените во јавниот сектор, за Управата за јавни приходи, за придонеси од задолжително социјално осигурување, за даночна постапка, за сигурност во железничкиот систем, по скратена постапка. На дневен ред е и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.
Законодавниот дом поради недоволен број на народни избраници не функционираше две недели.
