Заев утре во Берлин на средба со Меркел
20.02.2018 10:31
Како што соопшти владината прес-служба, по средбата канцеларката Меркел и премиерот Заев ќе имаат заедничка прес- конференција.

Во рамки на официјалната посета на владина делегација на Германија, премиерот Зоран Заев утре во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.
Како што соопшти владината прес-служба, по средбата канцеларката Меркел и премиерот Заев ќе имаат заедничка прес- конференција.
За време на посетата во Берлин, Заев е предвидено да се сретне и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер. Заев ќе има и обраќање во централната канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“.
