Обвинителството отвора истрага за загинувањето на двајцата планинари
20.02.2018 10:46
Сѐ уште не е пристигнат обдукцискиот наод и извештајот од Судската медицина од Солун. Првичните информации од обдукцијата покажале дека причина за смртта била хипотермија.
Обвинителството најверојатно отвора истрага за двајцата планинари коишто загинаа на планината Ниџе од грчка страна. Сѐ уште не е пристигнат обдукцискиот наод и извештајот од Судската медицина од Солун.
Првичните информации од обдукцијата покажале дека причина за смртта била хипотермија. Поради темнината и лошите услови, првите обиди за спасувањае на македонските планинари биле неуспешни, по што операцијата продолжила наредниот ден.
Калина Велевска и Александар Миновски загинаа при искачување на Кајмакчалан.
