Трамп поддржува построги проверки за оружје
За ова тој разговарал со републиканскиот сенатор од Тексас, Џон Корнин, за подготовка на предлог-закон, кој го изработил заедно со демократскиот сенатор од Конектикат Крис Марфи, долгогодишен борец за построга контрола на продажба на оружје.

Поради зачестените вооружени инциденти во училиштатата во САД, претседателот Доналд Трамп бара построга проверка на податоците на купувачите на оружје.
За ова тој разговарал со републиканскиот сенатор од Тексас, Џон Корнин, за подготовка на предлог-закон, кој го изработил заедно со демократскиот сенатор од Конектикат Крис Марфи, долгогодишен борец за построга контрола на продажба на оружје.
Пред Белата Куќа се организираат протести поради убиствата на 17 лицаво минатата недела во средното училиште во Паркленд, Флорида.
