Претседателот Иванов положи венец во мавзолејот на Кемал Ататурк во Анкара

20.02.2018 12:13

Предвидено е денеска претседателот Иванов да биде примен од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган...

Во рамки на официјалната посета на Република Турција, претседателот Иванов утрово во Анкара положи венец во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк.

Предвидено е денеска претседателот Иванов да биде примен од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, а ќе оствари средби со претседателот на Владата Бинали Јилдирим и со претседателот на Големото национално собрание Исмаил Караман.