Драма за крај!
Волков, Устјугов, Малишко и Шипулин по цели 26 години од Калгари во 1988-та и донесоа злато на Русија...

Злато за Русија, прво, за крај, за фантастична завршница на бијатлонските натпревари во Олимписко сочи, за драма во последната дисциплина –машката штафета на 4 пати по 7,5 километри. Волков, Устјугов, Малишко и Шипулин по цели 26 години од Калгари во 1988-та и донесоа злато на Русија, Германиците се сребрени откако Шемп не го издржа завршниот спринт со Шипулин, а беше најзаслужен заедно со Пифер за елиминирање на предноста на Норвешка до полседната измена, трета е Австрија.
Трагичар е во моментов најдобриот норвешки бијатлонец Свендсен, доби предност од Бјорндален во последната измена, ја загуби уште во воведните 2,5 километри, но катастрофално мина на стрелиштето во стоечки став и со 4 промашувања ја одалечи Норвешка, но и единствениот во историјата Бјорндален да стигне до 14-от олимписки медал.
