Кабул
Во Авганистан убиени девет полицајци
20.02.2018 13:29
Според портпаролот на гувернерот на Фарах, во престрелките биле убиени и 13 бунтовници.

Авганистанските бунтовници убиле девет полицајци во напади извршени врз контролни пунктови во провинцијата Фарах во текот на изминатата ноќ.
Според портпаролот на гувернерот на Фарах, во престрелките биле убиени и 13 бунтовници.
Напаѓачите се уапсени, како и уште петмина осомничени. Засега никој не презел одговорност за нападите.
