Навремената интервенција го спасила Села од сигурна смрт

20.02.2018 15:38

Во Кривичниот суд продолжи рочиштето за насилството врз пратеникот Зијадин Села. Тројцата вештаци ги изнесуваа своите вештачења...

Навремената интервенција на лекарите го спасила Зијадин Села од сигурна смрт – тврдат вештаците од Институтот за Судска медицина. Како најсериозни повреди ги посочија скршениот нос на пратеникот, помодрени очи, нагмечување на мозокот, поради што, во иднина тој може да има и епилептични напади кои засега ги контролира со терапија.

Адвокатите на обвинетите не се сомневаат во стручноста на лекарите, но го оспорија вештачењето и побараа да се издвои од доказите затоа што, како што велат, тие немале валидна лиценца за вештачење во јуни минатата година кога ги изготвувале стручниот наод и мислење.

Обвинителот, пак, рече дека не им се потребни лиценци, затоа што барањето за вештачење било доставено до Институтот како највисока образовна институција од оваа област, која сама по себе е компетентна да изработува вакви стручни документи.

 

Анита Димитријевска