Метео: Продолжува врнежливото време
20.02.2018 16:16
Повеќе врнежи се очекуваат утре попладне и во ноќните часови особено во западните делови од Македонија.

Продолжува периодот на облачно време со повремени врнежи од дожд, снег на планините и на некои повисоки места.
Повеќе врнежи се очекуваат утре попладне и во ноќните часови особено во западните делови од Македонија.
Максималната температура ќе достигне до 10 степени. Во наредните денови не се очекува промена на времето.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
