Средба Заев- Меркел во Берлин
По средбата, како што соопшти владината прес-служба, канцеларката Меркел и премиерот Заев ќе имаат заедничка прес- конференција. Предвидено е, за време на посетата, македонскиот премиер во Берлин да оствари средба и со претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер.

Премиерот Зоран Заев денеска е во официјална посета на Германија, каде што ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел. Предвидено е, за време на посетата, македонскиот премиер во Берлин да оствари средба и со претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер.
Според агендата, Заев ќе има обраќање и во централната канцеларија на фондацијата „Фридрих Еберт“.
Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа лани во јули во Трст, на маргините од самитот „ЕУ - Западен Балкан“.
