Коѕијас го известил Ципрас за текот на разговорите за името

21.02.2018 11:00

Коѕијас, според грчките медиуми, синоќа ја посетил премиерската палата и на тет-а-тет средба го брифирал Ципрас за контактите и разговорите што ги имал во изминатите денови, во врска со прашањето за името името.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас го известил грчкиот премиер Алексис Ципрас за последните случувања во разговорите за името.

Коѕијас, според грчките медиуми, синоќа ја посетил премиерската палата и на тет-а-тет средба го брифирал Ципрас за контактите и разговорите што ги имал во изминатите денови, во врска со прашањето за името името.

За средбата, која не беше претходно најавена, официјално соопштение, но и дополнителни детали нема, ниту од грчкото МНР, ниту од кабинетот на грчкиот премиер, пренесува МИА.

Ципрас вчера имаше телефонски разговор со Ангела Меркел, а меѓу другото разговарале и за прашањето за името. Премиерот Заев, пак, денеска треба да оствари средба со канцеларката Меркел во Берлин.