Заев во Берлин на средба со Меркел
Во тек е средбата на Заев со канцеларката Ангела Меркел, по која е најавена и прес- конференција. За време на посетата, македонскиот премиер ќе се сретне и со претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, а ќе има обраќање и во централната канцеларија на фондацијата „Фридрих Еберт“.

Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерите Шекеринска и Османи, како и од шефот на дипломатијата Димитров денеска е во официјална посета на Германија. Во тек е средбата на Заев со канцеларката Ангела Меркел, по која е најавена и прес- конференција.
За време на посетата, македонскиот премиер ќе се сретне и со претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, а ќе има обраќање и во централната канцеларија на фондацијата „Фридрих Еберт“.
Македонскиот премиер, претпладнево се сретна претставници на Унијата на германски комори за индустрија и трговија, предводени од Фолкер Трир, заменик- претседател оваа бизнис асоцијација.
Претставниците на германската комора ги понудиле своите капацитети како линк меѓу можностите за инвестирање во Македонија и германските компании со кои соработуваат и истакнале дека сакаат да го поддржат процесот на зачленување на Република Македонија во Европската унија, се вели во соопштението од Владата.
Сојузна Република Германија е најголем трговски партнер на Република Македонија, а обемот на трговија надминува 40 отсто од вкупната вредност. Вредноста на трговската размена секоја година расте и лани достигна над три милијарди евра.
