Олимписки зимски игри – Сочи 2014
Двојно злато за потврда на холандската доминација
22.02.2014 18:57
Единствените најсјани одличја што и недостасуваа на најупешсната лизгачка нација Холандија денеска ги освоија Крамер, Блокхујсен и Вервеиј и дамите Вуст, ван Бик, Ленстра и тер Морст...

23 од 36-те медали во Сочи или вкупно 105 во олимписката историја, зарем имаше дилеми кому ќе му припаднат златните медали во екипниот пурсуит за крај на натпреварите во брзо лизгање!
Единствените најсјани одличја што и недостасуваа на најупешсната лизгачка нација Холандија денеска ги освоија Крамер, Блокхујсен и Вервеиј и дамите Вуст, ван Бик, Ленстра и тер Морст.
Машкото трио со олимписки рекорд 3:37:71 беше недостижно за Јужна Кореја и за Полска, додека женската четворка во финалната трка беше побрза од Полска и од Русија.
