Измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, МРТ во првата година ќе биде финансирана со 0,7% од Буџетот
21.02.2018 15:34
Со измените се предвидува финансирање на Јавниот радиодифузен сервис директно од Буџетот. Во првата година ќе се одвојуваат по 0,7 проценти од државната каса...

Владата го испрати Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги до Собранието. Со измените се предвидува финансирање на Јавниот радиодифузен сервис директно од Буџетот. Во првата година ќе се одвојуваат по 0,7 проценти од државната каса, во втората 0,8 отсто, третата 0,9 отсто, сѐ до зголемување на еден отсто.
Суштинските измени што се предлагаат, како што изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, се однесуваат на изборот на управните тела и директори на МРТ и на АВМУ, како и во однос на финансирањето на работата на МРТ и АВМУ.
