Одреден домашен притвор за Арнаудов, Дамовски и Илиевски
21.02.2018 16:18
Скопска Апелација ги прифатила нивните жалби. Одреден им е домашен притвор, одземен им е пасошот.

Пратеникот Љубен Арнадунов и дел од предводниците на иницијативата „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски и Богдан Илиевски излегуваат од затворот во Шуто Оризари.
Скопска Апелација ги прифатила нивните жалби. Одреден им е домашен притвор, одземен им е пасошот.
Ваква одлука има и за Јане Ченто, како и за уште двајца. Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков останува во притвор, а пратеникот Тарчуловски во домашен.
