СОЧИ 2014

„Петарда“ за САД, бронзата одново за Финска

22.02.2014 19:15

Во малото финале, летечките Финци ја делкасираа селекцијата на САД со 5:0, и го повторија успехот од Ванкувер...

Репрезентацијата на Финска го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Сочи. Во малото финале, летечките Финци ја делкасираа селекцијата на САД со 5:0, и го повторија успехот од Ванкувер, кога во истата фаза ја совладаа Словачка. По израмнетиот прв период во кој мрежите мируваа, во втората минута од вториот Тему Селане го отвори резултатот, а само 11 секунди подоцна Јуси Јокинен ја зголеми предноста.

Дополнителен шок за Американците беа двата неискористени пенала на Кејн, по што Финците со 3 гола во завршната третина преку Хиетанен, Селане и Мата, му се реваншираа на ривалот за полуфиналниот пораз од претходните Олимписки игри.

Тоа е вкупно седми олимписки медал за Финска, или шести на последните седум Олимпијади, а петти бронзен, додека вицешампионот од Ванкувер и натаму нема трофеј надвор од северноамериканскиот континент, уште од далечната 1972 година во Сапоро. Големото финале е на програмата утре, во кое бранителот на титулата Канада, ќе игра против олимпискиот шампион од Торино, селекцијата на Шведска.