Отстранет споменикот на Ќосето

22.02.2018 10:42

Споменикот беше подигнат пред речиси четири години, како дел од проектот Скопје 2014. Тој беше отстранет во утринските часови, по што е преместен во магацините на скопска фабрика.

Отстранет споменикот на Андон Јанев- Ќосето, револуционер, но и контроверзна личност на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Споменикот беше подигнат пред речиси четири години, како дел од проектот Скопје 2014. Тој беше отстранет во утринските часови, по што е преместен во магацините на скопска фабрика.

Сѐ уште нема официјална информација за налогот за отстранувањето, очекуваме повеќе по конференцијата за новинарите на градоначалникот Шилегов.